Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pres-za-mladi

Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата. Единствената брана на европската иднина на Македонија е Зоран Заев и неговата криминална банда на власта. Европската иднина на Македонија и младите во неа е загрозена заради скандалозниот рекетарски октопод кој што со поддршка и амин на Заев се инсталираше во Македонија, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Европските вредности се погазени со Луј Витон правосудството кое е под директна контрола на власта и кое работи по диктат кога треба некој да се прогонува, кога треба некој да се амнестира.

Се додека во Македонија се случуваат крвави тендери во здравството, наместени јавни набавки и сомнителни концесии на функционерите од власта, до тогаш Европската Унија ќе биде далечен сон за младите.

Се дури семејните бизниси на премиерот со плантажи со марихуана се неговиот приоритет, до тогаш 140 илјади млади ќе живеат во сиромаштија, 47% од младите ќе бидат невработени, а 80% од младите ќе сакаат да се иселат.

— реклама —

Младите во Македонија се срамат од малата група луѓе од СДММ кои се уште беспоговорно го слушаат и аминуваат на погрешните политики на Зоран Заев. Животот кој Заев им го ветуваше во Македонија им го претвори во пекол и затоа младите шансата се повеќе ја бараат надвор од својата земја.

— реклама —

Додека во Македонија владее рекетот, неправдата и бизнисите на власта до тогаш се повеќе ќе се зголемува бесперспективноста и очајот во нашата земја. Тоа мора да сопре, а единствената шанса да се дојде до тоа е Зоран  Заев да падне од власт. Само така Македонија ќе добие јасна европска перспектива, а младите својата иднина ќе ја добијат во својата родна земја, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања