Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: ММФ потврди со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„ММФ потврди со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДС Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на Македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


— реклама —

„Македонија со СДС е 80% зад Црна Гора. Растот на Црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, во споредба со растот во Македонија од 2.5%, тоа е за 80% подобар резултат.


— реклама —

Со СДС Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3.8%, за разлика од Македонската со 2.5%.

— реклама —

СДС и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4.3%, во Македонија е 6.6%.


Со СДС Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДС. Потребни се промени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања