„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО ДПМНЕ: На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет. Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој ние го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја.

Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија.

— реклама —

Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање.

Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.

СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања