Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: На Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_1

На Рената Треневска Десковска на 26 март во 16 часот 19 минути и 16 секунди и се испратени 65 предлог амандмани на предлогот на Законот за јавно обвинителство. Десковска злоупотребувајќи ги државните институции се става во одбрана на лагите и манипулациите на нејзиниот шеф Зоран Заев, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на Министерство правда.

— реклама —

Дескоска да одговори пред граѓаните и пред јавноста зошто не го отвора сопствениот маил и да каже дали добила или не порака од претседателот на Комисија за правни работи Тони Менкиноски?

Заев е во паника и очај, соочен со слабиот рејтинг што го има тој и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, се служи со лажење.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог амандманите во насока на подобрување на предлог законот кој е клучен за правосудните органи во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на македонското правосудство им се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи за кои што се бори криминалниот картел на СДСМ, Заев и Десковска, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на Министерство правда.

.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања