Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: На поразите и понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонските граѓани нема крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Патот по кој Зоран Заев и СДСМ ја водат македонската економија и држава завршува во бездна. Криминалната банда стационирана на Илинденска б.б. на чело со аболицираниот Заев ја опустоши македонската економија, а граѓаните ги доведе до просјачки стап. Розевите очила на власта веќе не може да ја покријат суровата реалност во која повеќе од половина милион граѓани на Република Македонија живеат во сиромаштија. Сега власта се соочува со последиците, огромно незадоволство на граѓаните кои ќе ја казнат на предвремените парламентарни избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Неспособноста на криминално рекетарската банда на власт ја чувствува и бизнис секторот. Откако германските бизнисмени македонската Влада ја оценија со нула, катастрофалните економски политики ги нотира и Светската Банка.  Според извештајот на Светска Банка насловен како „Дуинг бизнис“ , годината која Заев ја прогласи како економска впрочем е фијаско, па така нашата држава бележи назадување кое резултираше со пад од 7 места на ценетата листа.

— реклама —

Катастрофална е и реализацијата на капиталните инвестиции која според последниот извештај за реализација на буџетот заклучно со септември 2019-тата година е нешто повеќе од 8.5 милијарди денари, односно поразителни 32.3 проценти од тоа што било планирано на почетокот на годината.

— реклама —

Македонија тоне на секое поле. На поразите и понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонските граѓани нема крај. Никој повеќе не му верува на Зоран Заев и неговата криминална банда. Неговата политички кариера завршува на 12 април. Граѓаните ќе изберат обнова на Македонија наместо арамиска влада на чело со аболицираниот Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања