Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, оценувајќи дека случајот со вработениот во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) е доказ дека институциите функционираат и дека борбата против криминалот и корупцијата е засилена.

— реклама —

Од владејачката партија велат дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт се менува системот и дека надлежните институции постапуваат во случаи на сомнение за криминал и корупција.

— реклама —

„Таков е и случајот со вработениот во СОЗР, кој бил фатен од институциите со бележани пари“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ваквото постапување, според нив, било незамисливо за време на претходната власт предводена од СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата го обвинува СДСМ дека не може да прифати некој да одговара пред институциите за сторен криминал или корупција, без оглед на неговата политичка или друга припадност.

„На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче“, стои во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е дебакл на СДС како последниот во Брвеница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library7ucv8401fm8a7n8VVRD

Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ја развиваме Брвеница

Македонија | пред 6 дена

k15

„Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ“, вели Стојаноски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybuoeusngf2o03ZPuNm1

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за медицинскиот извештај за Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања