„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им истече и втората година од мандатот, а се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

Партијата предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев не само што им ја зацрни 2018 година на граѓаните, туку очигледно има намера со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста и во 2019 –та година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Навистина жално. Со манипулации се обидуваат да ја покријат својата неспособност. Иако им истече и втората години од мандатот, тие се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата за 500 евра просечна плата, 600 километри нови автопати, 100 илјади денари плати за докторите, повраток на 15 % од ДДВ, 13-та плата во секое семејство, достоинствен откуп за земјоделците, повисок стандард, повисоки пензии, студентски град и уште десетици други шарени лаги. Што кажаа, се излажаа. Што фатија се исушија.

Затоа пак направија нешто што не го спомнаа во програмата, како пораст на криминалот, сеприсутна корупција, криминални тендери, осиромашување, повисоки даноци и давачки за граѓаните, поскапи горива, менување на Устав, менување на уставното име, рушење на идентитетот, продажба на националните и државните интереси, богатење на партиските и владините функционери со народни пари, партизирање на судство и редица на црнила во секој сегмент од општеството.

— реклама —

Граѓаните сакаат што побрзо да ја заборават оваа промаршена и црна 2018-та година. Следната 2019 година може да биде среќна само ако овој криминален картел на власт предводен од Заев падне. Само така сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ ќе почувствуваат среќа и благосостојба“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања