Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Началник на СВР Штип е Трајковски, против кого е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro-za-stip

Спасовски и СДСМ во МВР на позиции држат лица против кои се води крвична постапка за тешки кривични дела против човечноста. Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип го држи Љупчо Трајковски, против кого според нашите информации е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти според чл.418-б од КЗ, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Против Трајковски надлежниот суд има изреченомерка на претпазливост - одземање на патна исправа. Трајковски, иако осомничен за сериозно крвично дело, против човечноста и меѓународното право, за кое според ст. 5 од чл. 418- б, бидејќи истиот е службено лице му се заканува казна затвор од најмалку десет години, сеуште ја извршува функцијата началник.

Како може граѓаните од Источна Македонија да се чувствуваат безбедни кога главниот полицаец на истокот е лице кое е осомничено за кривично дело за кое казната затвор е над десет години.

— реклама —

Дали Спасовски и СДСМ го држат на позиција Трајковски со цел истиот да им биде од полза за изборите? Ако знаеме дека истиот свесен за казната која му стои над глава би бил лесен за команда на неговите криминогени шефови Заев и Спасовски.

Дали Трајковски е оставен на позицијата началник за да ги извршува криминалните работи на СДСМ?

Трајковски не е прв случај во кој што првите соработници на Спасовски се фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Неговиот советник Драгам Симоновски беше приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немаше, советникот на Спасовски продолжи да си оди на работа, а доказите мистериозно исчезнаа и Русковска обвинителството се откажа од прогон.

Луѓе како Трајковски и Симоновски не смеат да бидат лице на МВР. Граѓаните заслужуваат чесна и професионална полиција, а не полиција со која командувааг криминалци.

МВР мора да биде во функција на граѓаните. Потребна е промена на СДСМ. За да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања