Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Најавите за големите инвестиции на Гугл, Фејсбук и Фолксваген ќе се паметат единствено како големи лаги на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев и неговата криминална банда ја опустошија Република Македонија и им донесоа беда и сиромаштија на македонските граѓани. Владата на СДСМ со своето расипничко работење стана симбол за криминал, корупција и рекетирање.

— реклама —

Трета година со ред нема ни трага ни глас од економската година која ја најавуваше Зоран Заев. Наместо тоа, добивме економска стагнација, вртоглаво покачен јавен долг кој надмина 5 милијарди евра и  повеќе од 500.000 граѓани кои секојдневно гладуваат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Неспособната и катастрофална економска политика на власта на СДСМ ја потврди и Светска банка каде во извештајот „Дуинг бизнис“ Македонија бележи пад од седум места. Бидејќи на СДСМ им стана навика да прославуваат неуспеси, тие и овој неуспех се обидоа да го престават како успех. СДСМ бележи неуспех и во делот на реализација на капиталните инвестиции кои заклучно со септември изнесуваат мизерни 32,2%, но многу полошо е тоа што во првата половина на 2019 година странските директни инвестиции изнесуваат ниски 48 милиони евра. Бројките се ужасни бидејќи власта почна да ги брка инвеститорите, а тоа го потврдија и германските инвеститори кои и дадоа нула на владата. Затоа најавите за големите инвестиции на Гугл, Фејсбук и Фолксваген ќе се паметат единствено како големи лаги на Заев.

— реклама —

Со СДСМ не тоне само економијата, туку тоне целата држава. Здравството е пред распад, образованието е девастирано, младите уште со завршување на основно орбазование веќе размислуваат како да заминат во странство, а земјоделието е понижено.

— реклама —

Не постои област каде оваа држава има напредок освен кај приватните бизниси на Заеви, особено оние со марихуана за кои СДСМ го злоупотреби и европското знаменце за да изгласа закон со кој ќе може да ја продава во странство.

Затоа и Македонија не доби датум за ЕУ, затоа што е предводена од власт која освен злоупотреби, криминал, арамилук и рекет ништо друго не знае.

Аздисаноста на СДСМ ќе заврши на предвремените парламентарни избори на 12 април, кога ќе бидат жестоко поразени и конечно ќе започне обновата на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања