ВМРО ДПМНЕ: Најостро го осудуваме нападот на новинарската екипа на ТВ 21

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизискa екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудва вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира.

— реклама —

Стево Пендаровски е се по нервозан. На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз.

— реклама —

Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби.

— реклама —

Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби. Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.

Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија, за право и правдина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања