Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да ја информира јавноста со проверени податоци, „бомбата“ на Кузеска и пукна како петарда во рака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обвинувањата изнесени од портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, не се поткрепени со проверени податоци и дека наместо „бомба“, како што беше најавено, јавноста доби неточни информации.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека јавните набавки се транспарентни и јавно достапни, но дека во конкретниот случај Кузеска изнесувала тврдења за наводно сомнителни тендери, без целосно да ги провери податоците и контекстот. Партијата посочува дека фирмата „Сигмоид“, која се споменува во обвинувањата, не е новоформирана, туку постои со години и во 2019 година само го променила правниот облик од ДОО во ДООЕЛ.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, токму во периодот кога СДСМ и ДУИ биле на власт, оваа фирма добивала грантови и јавни средства. Како што наведуваат, од Фондот за иновации и технолошки развој бил доделен грант од над 1,4 милиони денари, а потоа и дополнителен грант во 2020 година во износ од над 25 илјади денари.

Во соопштението се наведува и дека „Сигмоид“ добивала тендери од повеќе државни институции во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за пошти, Технолошко-индустриските развојни зони, Државниот завод за ревизија и Агенцијата за супервизија на осигурување. Дел од договорите, според партијата, биле дополнувани со анекси, а вкупните суми се движеле од неколку стотици илјади до над два милиони денари, сè до 2024 година, односно до заминувањето на СДСМ од власт.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека обвинувањата за сомнителни тендери се неосновани и дека токму СДСМ треба да даде одговор за доделувањето јавни средства во периодот кога управувала со институциите.

Партијата додава дека очекувале од Кузеска поинаков пристап и настап со проверени факти, наместо, како што наведуваат, избрзани обвинувања. Во соопштението се потенцира дека одговорност ќе има, но, според ВМРО-ДПМНЕ, таа треба да се бара за наводните злоупотреби поврзани со поранешното раководство на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Од 32 на 19,3 проценти – бројките го покажуваат падот на ВМРО

Македонија | пред 15 часа

media-library752h05roicf34cJytLV

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Македонија | пред 18 часа

sdsm-i-mickoski

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања