Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Наместо датум за почеток на преговори, ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев. Не е доволно само да се распродадат националните интереси и да се промени името кога земјата ја водат криминалци кои се неспособни да спроведат реформи. На ЕУ не и требаат преговори со аболицирани политичари кои се живи фатени како бараат мито од едно евро по метар квадратен, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Повеќе земји членки, докажани пријатели на Македонија, биле против доделување на датум. Може да се разбере нивниот револт кон катастрофата наречена Заев, но не може да се оправда казнувањето на државата и народот заради неспособноста и корумпираноста на Заев и картелот околу него.

— реклама —

Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази. Заеви си имаат и ниви со марихуана и бизниси со РЕК, си го имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, си имаат имот и си градат на земјиштето од струмичката касарна, а си копа каде стигне и кога ќе стигне.

Заев знае многу одамна дека Македонија со него не добива датум, но повеќе му е од корист да лаже и манипулира.

— реклама —

Заев лаже затоа што за него пари се во прашање. Македонија само стагнира и ниже неуспеси.

— реклама —

Со Заев на власт Македонија пропаѓа. Криминалот, корупцијата И непотизмот станаа главна одлика за власта. Потребна е обнова. Заев И СДСМ мора да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања