Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Оставка е потребна од целата влада, не само од поединци од третиот ешалон на власта.  Заменик министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот ,,едно евро за Вицето'' го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболициран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот Рекет, а уште не е повикан ниту на разговор.  Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудио документиран како мести тендер од 1.8 милиони евра.

— реклама —
— реклама —

Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ.   Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барале рекет од неколку милиони евра. Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно, така и на локално ниво.

— реклама —

Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат. Со Заев Македонија само тапка во место. Со Заев Македонија нема иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања