„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО ДПМНЕ: Наместо предвидените 67, Министерството за финансии се задолжи за 82 милиони евра, зошто пред избори?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
banki-2

Зоран Заев и Нина Ангеловска ја задолжуваат државата без основ. Вчера наместо првично предвидените 67 милиони евра, Министерството за финансии се задолжи за 82 милиони евра или 15 милиони повеќе. На што и како ќе се трошат тие дополнителни 15 милиони евра е нејасно, исто како што е нејасно каде завршуваат и другите пари од задолжувањето. Иако нивото на јавниот долг секојдневно се зголемува, државата нема мрднато од мртва точка. Нема инвестиции, нема проекти, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Рапидното задолжување пред избори индицира само на изборна корупција која што власта веќе ја прави.

Милионите кои сега ги земаат ќе треба да ги платат граѓаните по 5,10 или 20 години, а со нив не се прават работи кои имаат додадена вредност  за државата, напротив се трошат бесцелно.

— реклама —

Откако  СДСМ е на власт јавниот долг изнесува 5.4 милијарди евра. Ова е спротивно на сите ветувања кои ги даваа дека нивото на јавен долг ќе го намалат. Јавниот долг не се намалува, туку се зголемува.

Расипничкото трошење на парите на граѓаните море да запре.  По 12 април ќе следи детална ревизија на сите позајмени и потрошени пари. Никој не смее да си игра со парите на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања