Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Sednica-na-Sovet-2

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува загриженост и револт поради хроничната неработата на Шилегов и урбаниот и сообраќаен хаос поради што се загрозува безбедноста на велосипедистите и пешаците. Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта,се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека секаде низ Европа велосипедистите уживаат привилегии, само во Град Скопје под управа на Шилегов тие се загрозена категорија учесници во сообраќајот. Две години Шилегов потроши на планирање и правење на стратегија, додека велосипедски патеки има се помалку, а урбан бетон се повеќе.

Се што вети крадоначалникот Шилегов неисполни за велосипедистите.

-Пред изборите вети и неизгради нов велосипедски и пешачки натпатник кај Алкалоид во Гази Баба.

— реклама —

-Вети и неисполни велосипедска патека на улицата Орце Николов.

-Шилегов вети и неисполни нова велосипедска патека кај реката Лепенец и реката Вардар во делот на Ѓорче Петров.

-Шилегов вети и неисполни велосипедски и пешачки мост во Аеродром.

— реклама —

-Шилегов вети и несполни нов железнички надвозник за велосипедисти и пешаци во Даме Груев.

-Шилегов вети и неисполни изградба на велосипедски рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една страна, и од Бутел, низ Чаир, до Центар.

— реклама —

Наместо да мавта со документи и планови Шилегов треба да ги засука ракавите и да започне да работи.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања