Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветуваната 2019 година како година на образованието во Охрид, истата година ќе биде година на срамот во образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_3704-02-09-19-12-54

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се насочуваат кон уништување на образованието. За жал наместо ветуваната 2019 година како година на образованието во Охрид, истата година ќе биде година на срамот во образованието поради дозволувањето милионски суми да бидат извршени од доверители за враќање стари обврски, истакна Перчо Божиновски, порпарол на ОК Охрид.

СДСМ и Георгиески за целиот летен распуст не успеаа ниту да ги реновираат училиштата, ниту да овозможат нормални услови за образование на младите. И овој септември сликата е распаднати ѕидови, санитарни јазли во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат.

— реклама —

Дали Локалната самоуправа предводена од Георгиески ги овозможи сите услови на учениците, наставниците, родителите за сигурен и безбеден почеток на учебната година?

— реклама —

До каде Ви се ветените спортски сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“?

— реклама —

Зошто нема промена на кровните конструкции во основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ – Лескајца, „Свети Наум Охридски“ во Пештани и Елшани и санација на таванот и кровот на училиштето во Коњско?

До кога ќе се чека реконструкција на подовите во основните училишта „Григор Прличев“ и „Кочо Рацин“ во Лакочереј, во гимназијата „Свети Климент Охридски“ и во ЕМУЦ, како и за санација на покривот во Гимназијата?

Што се случи со замената на надворешната столарија во ОУ „Христо Узунов“ и во музичкото учлиште „Методи Патче“?

Корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без инфраструктурни проекти, учебници, а на првиот училишен час и без наставници.

Потсетуваме, ветувавте награди и стимулации, а креиравте навреда на честа и достоинството на професијата наставник. СДСМ и Георгиески се само лош пример за генерации ученици, истакна Перчо Божиновски, порпарол на ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања