Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Насадите со јаболко во Преспа се 100 процентно уништени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dsc3

Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  Орце Ѓорѓиевски и Цветан Трипуновски денеска го посетија ресенскиот регион каде остварија средба со граѓаните. Трипуновски и Ѓорѓиевски ги посетија населените места Трбово, Калоец, Љубојно, Долно Дупени, Крани и Стење, места кои се најпогодени од невремето кое го зафати овој регион, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Невремето причини огромна материјна штета на домовите, уништена е и електричната мрежа. Насадите со јаболко се 100 процентно уништени.

— реклама —

Власта е глува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, нема решение за нивните проблеми, никој не зборува за нивно обештетување. Земјоделците досега имаа огромен проблем со откупот на јаболката, а сега нивниот род е целосно уништен, она за кое макотрпно работеле преку цела година сега е целосно уништено.

— реклама —

И новиот министер за земјоделие од редовите на СДСМ, Трајан Димковски како и неговиот претходник Љупчо Николовски е глув за проблемите на земјоделците. Скапите коктели и облека се негова главна преокупација додека земјоделците се оставени на милост и немилост.

— реклама —

Граѓаните имаат горко чувство дека живеат во загубена држава, држава во која царува криминалот и корупцијата, а сите оние кои чесно работат се осудени да преживуваат како знаат и умеат. Ова мора час поскоро да заврши, аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда мора што побрзо да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања