Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ не бараше прекин на мандатот на Русковска, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ruskovska-skopje1

Зад наводното неприфаќање обвинителката Рускоска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон.

Единствената цел на Христијан Мицкоски е да го брани криминалот на Никола Груевски.

— реклама —

„Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО.

Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Рускоска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата.

— реклама —

Тоа што не им сметало сега одеднаш им смета, со што се потврдува дека само бараат алиби за неприфаќање на законското решение.

— реклама —

Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот, а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата.

— реклама —

Христијан Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање.

Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата“, пишува во соопштението испратено од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања