Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Фронтекс, застана против македонски јазик во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаа за ратификација на Договорот со Фронтекс и со тоа уште еднаш го покажаа своето вистинско лице, вели СДСМ

— реклама —

„ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија која е против ЕУ, против македонскиот јазик.

— реклама —

Откако со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтекс на официјален македонски јазик, пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор.

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.

— реклама —

Ете тоа е односот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кон Собранието ком државата и граѓаните.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Со таков однос, уште долго ќе останат во опозиција“, вели СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања