Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев продолжува да ја срами Република Македонија каде што ќе стигне ризикувајќи да ги влоши односите кои ги имаме со меѓународните партнери. Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

ВМРО ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори.

— реклама —

Република Македонија доби 10 позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Зоран Заев ќе загуби на следните избори без разлика кога тие ќе се одржат, а на место на криминалната, неодговорна, неспособна и расипничка влада ќе дојде ВМРО ДПМНЕ и влада која што ќе ги спроведе реформите, ќе ја крене економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните.

— реклама —

Единствено што може Зоран Заев да направи за граѓаните е да си поднесе неотповиклива оставка и да ги спаси од агонијата во која што ги втурна овие две години, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања