„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ ја зацрни државата. Не поминува месец без вооружена престрелка на улиците на Скопје. На фреквентни локации вооружени банди се пресметуваат, инцидентите завршуваат најчесто со жртви, а жртва може да биде секој еден граѓанин - случаен минувач, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Оливер Спасовски не презема ништо во насока на одржување на јавниот ред и мир. Откако тој управува со МВР има десетици нерасчистени убиства, а убијците се шетаат слободно. Се пука по улиците, а истовремено неказнето завршуваат стотици грабежи и опожарувања на автомобили.

Наместо решавање на вистинските проблеми Спасовски се фокусираше на делење сомнителни милионски бизниси, лиценци за центрите за возачки испити на фирми формирани неколку дена пред да се распише огласот и целосна партизација на МВР“, велат од партијата.

— реклама —

Оттаму додаваат дека граѓаните сакаат ред и поредок, сакаат безбедност за нив и за нивните деца, родители, браќа и сестри и комшии, а наместо тоа добија насилтво, тепање и политички прогон.

„Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски се вршат претреси по домовите и се малтретираат луѓе кои протестираат.

Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција!

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани кои се против оваа однародена власт да се приклучат на протестниот марш денес во Прилеп со почеток 13 часот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања