Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Не стивнуваат заканите кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а институциите не реагираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

Република Македонија е единствена држава во демократска Европа која што во своите затвори има политички затвореници, луѓе жртви на прогонот на Зоран Заев. Единствена грешка на овие луѓе е што меѓу првите го крена гласот против катастрофалните политики на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На аболицираниот Заев не му беше доволно да ги притвора овие луѓе и да нарачува пресуди против нив, па сега се посегнува и по нивните животи. Не стивнуваат јавните закани упатени кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кумановската група, луѓе на кои Заев им ветуваше амнестија и некаква си меѓународна истрага за настаните во кои десетици полициски службеници беа ликвидирани или тешко повредени.

— реклама —

Со оглед на фактот што институциите воопшто не реагираат на ваквите закани, се отвора сомнеж дека можеби имаат некаква поддршка од структурите на власта.

Аболицираниот Заев и неговиот криминален картел се во паника, бидејќи нивниот рејтинг е во слободен пад и знаат дека масовно ја губат поддршката на граѓаните. Од своите неуспеси и глупости, криминалната и одродена власт ја дефокусира јавноста со политички прогон и тортура на неистомислениците.

— реклама —

Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ ќе си замине. Правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе замине во својата политичка пензија. Овој политички прогон мора да заврши“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања