„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО-ДПМНЕ: Недемократското однесување на Заев ќе создава поголем гнев кај народот, кој е против менување на името

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија мандат на избори да го менуваат Уставот, да го бришат името Република Македонија и да го менуваат идентитетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Зоран Заев и неговите 80 очајници не добија поддршка ниту на референдумот да ја бришат историјата, традицијата и културата на Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев ги погазија демократијата и правдата во Република Македонија. Немајќи смелост да се соочи со волјата на граѓаните која беше јасно искажана на референдумот, Заев посегна кон силување на институциите, државата и волјата на сопствениот народ. Со ваквото насилничко носење на закони спротивно одлуката на народот и присилното собирање на гласови во законодавниот дом под закани за политички прогон, СДСМ и Зоран Заев го изгубија легитимитетот да зборуваат за демократски и европски вредности“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека тоа што ѝ се случило на Македонија е срам и преседан кој нема допирни точки со демократијата и оти таков пример се нема случено во ниту една земја од западниот демократски свет.

— реклама —

„Јавноста конечно ја виде позадината на политичкиот прогон преку СЈО и обвинението за настаните од 27 април. Монтирани обвиненија против пратеници кои подоцна ги искористија како уцени за добивање на двотретинско со цел менување на уставното име на Република Македонија и спроведување на договорот од Преспа. СДСМ со нивните насилнички и недемократски методи побараа и добија поддршка од истите пратеници за кои викаа дека се најголемо зло и им посакуваа се најлошо да им се случи. Силувањето на демократијата во Македонија од страна на власта само повеќе ќе го поларизира општеството. Недемократското однесување на Заев ќе создава поголем гнев кај македонскиот народ кој јасно порача дека е против менување на името на државата, против менување на личните исправи и против менување на историјата, традицијата и културата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, со со овој чин СДСМ и Заев ставија крај на своите кариери.

„Многу скоро ќе мора да се соочат со граѓаните, а тогаш оваа антинародна и недемократска власт ќе замине во историјата. Македонија и македонскиот народ многу пати во историјата се соочувале со тешки премрежија но секогаш излегувале како победници токму затоа што народот никогаш не се откажувал од својата земја. Демократијата и интегритетот на Македонија ќе и се вратат кога ќе си замине оваа ненародна власт и зло кое што и се случува на нашата држава. Македонија победувала и повторно ќе победи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања