Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да менаџира еден мост, а не цел град, Скопје е во хаос, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината градоначалничка Данела Арсовска, Град Скопје е пред банкрот, со нефункционални јавни претпријатија и со сообраќаен хаос што од ден на ден станува се поголем, вели СДСМ

— реклама —

„Откако се запали мостот „Беласица“половина град функционира само преку еден мост, а градската власт на ВМРО-ДПМНЕ молчи и не кажува дали ќе преземат нешто и до кога ќе трае санацијата на мостот што ги поврзува Нова Железничка и поранешен Саем, еден од најважните мостови во Градот.

— реклама —

И додека мостот е затворен, граѓаните кои живеат во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Чаир патуваат со часови од и до своите работни места.

— реклама —

Ако не беше инаетот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, ако го довршеа мостот на булевар АСНОМ, сега граѓаните од тој дел од градот ќе имаа соодветна алтернатива, а метежот кај МАНУ немаше да постои.

Но ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска решија да не го продолжуваат овој капитален проект и со својата неспособност освен финансиска, предизвикаа и сообраќајна катастрофа во градот.

ВМРО-ДПМНЕ на власт, значи нефункционалност, колапс и хаос“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања