Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Неправда е кога по седум години убијците на децата при масакрот кај Смилковско езеро, се шетаат на слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Неправда е кога по седум години убијците на децата при масакрот кај Смилковско езеро, се шетаат на слобода, а СДСМ притоа си игра со чувствата на граѓаните.

Трагедијата која ги снајде семејствата не ги засега Пендаровски и Заев кои ни збор не спомнаа на денот на седумгодишнината од невидената брутална ликвидација на момчињата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев и Стево Пендаровски четири години ги лажат родителите на убиените кај Смилковско езеро. Две години се власт, а убијците се шетаат на слобода.

Зоран Заев и Стево Пендаровски ветуваа дека ќе ја кажат вистината за масакрот кај Смилковско, а веќе две години откако се власт ништо не преземаат.

— реклама —

Заев и Пендаровски си поиграа со чувствата на родителите и роднините на убиените и го злоупотребија случајот за политичка пропаганда.

Заев и Пендаровски на најдолен и крајно мизерен начин ја излажаа целата македонска јавност.

— реклама —

Власта целосно го заборави случајот на кој изгради цела кампања, власта покажа дека само ја манипулираше јавноста.

Кацарска судството и Русковска обвинителството и во овој случај како и во сите други само ги извршуваат политичките нарачки на Заев и Пендаровски.

— реклама —

Неправдата е симбол за владеењето на СДСМ. Заев и Пендаровски не знаат да владеат поинаку. Неправдата не смее да продолжи. Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. На Република Македонија и треба чесен претседател, кој ќе ги почитува уставот и законите, како Гордана Сиљановска Давкова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања