Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Неспособната власт повторно ја гледаме на дело- Помалку капитални инвестиции значи помал развој на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Неспособната власт повторно ја гледаме на дело. Нивото на реализација на капитални инвестиции за месец јануари е нешто над 1%. Од годишно планираните 420 милиони евра, власта вложила само 4.5 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Бројките сигнализираат дека власта и оваа како и претходната година нема да успее да ги реализира планираните капитални инвестиции.

— реклама —

Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции, значи помалку инфраструктурни проекти, помалку автопати, патишта, водоводни и канализациони мрежи. Помалку капитални инвестиции значи помал развој на економијата.

— реклама —

Две години откако СДСМ е на власт, а ниту еден капитален проект не е реализиран. Ништо 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. СДСМ потфрли на инфраструктурен план. СДСМ не направи ништо за развој на државата. Две години само тонеме како држава.

Власта само расипнички се задолжува, а ништо од тоа не оди кај граѓаните. СДСМ го зголеми јавниот долг над 5 милијарди евра, со што за првпат е надмината границата од 50%.

— реклама —

СДСМ сериозно ја загрозува солвентноста на државата на среден рок, многу задолжување, а ниту еден проект.

— реклама —

Деспотот Заев наместо на развој на државата работи за теснопартиските интереси на врхушката на власта.

Деспотот Заев ја тоне Република Македонија. Деспотот Заев и СДСМ мора да бидат поразени, за државата да тргене напред, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања