Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Неспособниот СДСМ во првите 4 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 9,83% од капиталните инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
120190420_222432

Криминалната власт на СДСМ и Зоран Заев докажа дека е најнеспособната во историјата на Република Македонија. Работата на владата e обележана само со неуспеси, падови и уништена економија. Катастрофалната реализација на капиталните инвестиции продолжува и понатаму да биде уште еден во низата неуспеси на власта. Неспособниот СДСМ во првите 4 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 9,83% од капиталните инвестиции кои самите ги планирале, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Пострашно е тоа што капиталните инвестиции за истиот период минатата година беа само 10,96%, а 2018 беше најлошата година во претходните 10 години. Тоа ни говори дека оваа година власта нема да реализира ниту 30% од капиталните инвестиции и дека 2019 година ќе биде најлошата година во историјата на државата.

— реклама —

Додека граѓаните се незадоволни од неработата на Владата, Зоран Заев ја занимава јавноста со внaтрепартиски комбинаторики и борба за превласт, и тоа единствено со цел да ја избегне сопствената одговорност за катастрофалното водење на државата изминативе две години.

— реклама —

Економијата го допре дното и не се реализираат никакви инфраструктурни проекти. Јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, а граѓаните не видоа никаков бенефит од секојдневните задолжувања.

Нема нови училишта и студентски домови, нема нови болници, а и тие кои останаа пропаѓаат, а нема ниту некакви инвестиции во градежништвото. Додека Заев се слика во соседството на отворање на нови автопати тука не е способен да ги пушти во употреба веќе изградените, а граѓаните се уште ги очекуваат и ветените 600 километри нови патишта.

— реклама —

Парите на граѓаните на Република Македонија наместо за нови проекти СДСМ ги користи за доделување на тендери и ширење на бизнисите на функционерите од власта. Функционерите стануваат се побогати, а граѓаните се посиромашни и веќе повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.

— реклама —

СДСМ донесе економска катастрофа докажа дека не може да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија. Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања