Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ: Неспособност на Оливер Спасовски, граѓаните ја плаќаат со сопствените животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Оливер Спасовски мора да си замине од функцијата. Неговата неспособност граѓаните ја плаќаат со сопствените животи, а неговата соработка со криминалците ја парализираат полицијата и овозможуваат убијци и насилници да се шетаат слободно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ .

Тие додаваат: Во неговиот мандат, први соработници рекетираа и оддаваа посебни истражни мерки, а сега продолжуваат неказнето да работат.

— реклама —

Во неговиот мандат полициски службеници малтретираа и палеа луѓе. Во неговиот мандат полициски службеници пукаа на млади момчиња и се пресметуваа меѓу себе.

Во неговиот мандат владее тотален хаос во МВР, а убијци се шетаат на слобода. На слобода е убиецот на Мартин Јанушев. На слобода се сторителите на двојното убиство среде Скопје.

— реклама —

Нерасчитени се стотици други убиства, разбојништва, грабежи и насилства. МВР стана синоним за криминал. Преку МВР на сомнителен начин се доделија лиценците за извршување возачки испити на територија на цела држава на фирми регистрирани непосредно пред да биде објавен огласот. Бизнис тежок стотици илјади евра заврши кај лични пријатели на врхушката на власт.

Оливер Спасовски е најнеспособниот министер за внатрешни работи кој Република Македонија некогаш го имала.

Оливер Спасовски мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Граѓаните заслужуваат безбедност и држава во која власта е чувар на јавниот ред и мир, а не загрозувачки фактор на истиот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања