ВМРО ДПМНЕ: Неспособноста на Спасовски да се справи со телеграм групата „Јавна соба“ загрози млади животи и создава жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
javna-soba

Оливер Спасовски е неспособен министер кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и одбива да постапува по барањата на граѓаните. Случајот со „Јавна соба“ што се појави минатата година беше решен за само два дена и групата беше затворена под водство на МВР на техничкиот министер Наќе Чулев, заштитувајќи ги сите жртви, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Сега Оливер Спасовски според тврдењата на граѓаните и жртвите, одбива да им помогне на граѓаните. Неколку дена граѓаните пријавувале лична злоупотреба во МВР, а МВР ги одбивале и не постапуваат.

— реклама —

Срамно е и безобразно да нема никаква грижа и обврска кон граѓаните од кои зема плата.

Неспособноста на Оливер Спасовски е опасност за граѓаните на Република Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања