Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Неспособноста на Заев е подеднакво опасна како корона вирусот и се плаќа со човечки животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза. Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Бројката на заболени е повеќе од  11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што е ова што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите.

— реклама —

Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат ниту како да се справат со последиците од корона кризата.

— реклама —

За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план ниту за образованиот процес. Децата и родителите не знаат дали ќе стартува учебната година со физичко присуство и доколку е така како ќе се одвива наставата или пак образовниот процес ќе се одвива онлајн.

Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно - како да се нанесе штета на граѓаните и државата.

— реклама —

Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување.

Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата.

Потребни се јасни и стабилни чекори за да се стабилизира ситуацијата. Потребни се политичари кои ќе знаат како да го справат со тоа, а не политичари кои го лажат и крадат својот народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања