Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партија која што го исполнува ветеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ветува и исполнува.

По 12-ти април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе инфраструктурен бум во Република Македонија.

— реклама —

По долгата стагнација на државата поради неспособната влада на СДСМ, време е по 12-ти април да започне обнова заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 300 милиони евра во нови водоводни и канализациски мрежи. Македонските граѓани ќе добијат чиста вода за пиење и канализација што ќе им овозможат пристоен живот.

— реклама —

По 12-ти април во Република Македонија нема да има неасфалтиран  регионален пат. Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе се замени целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април се обврзува за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер.

Во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат на две основи, по порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите.

Мерки кои ќе ги спроведе новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе променат многу, затоа што тие ќе значат повеќе работа, повеќе пари, повеќе за секого во државата. Обновата доаѓа!

Заедно ќе се избориме за подобра иднина.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања