Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Нина Ангеловска на својата фирма исплатила државна помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nina-angelovska-010-960x540

Министерката на Зоран Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија, обвинија на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај. Фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии, Нина Ангеловска во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма „ВебСпот“, фирма регистрирана за интернет трговија, рече портпаролот на партијата Наум Стоилковски.
— реклама —

Тој покажа документи од Владата на Република Македонија, како што кажа, на тие што доделиле помош, а фирмата „ВебСпот“ помош добила на 8.јули на 12.јуни и на 19.мај годинава.

Постојат сериозни сомневања дека Нина Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата, рече Стоилковски откривајќи дека на 8 јули годинава Ангеловска земала 210.909 денари, на 12 јуни земала 224.750 денари државна помош и на 19 мај 224.750 денари од помош од антикризните мерки за време на епидемијата со ковид, или вкупно, 600 илјади денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа државната антикорупција да отвори предмет по овој случај. Стоилковски порача антикорупционерите да покажат храброст без разлика дали постои или не притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има!, рече тој.

— реклама —

Стоилковски додаде дека ова е втора злоупотреба на позицијата во низа на Нина Ангеловска откако јавноста дозна дека навреме ги извадила нејзините 250 илјади евра од пропаднатата Еуростандард банка.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања