Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори. Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни.  Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото.

— реклама —

Власта на Заев не им даде доволно аргументи на нашите меѓународни пријатели кои константно ни помагаат да добиеме датум. Криминалот, корупцијата и рекет аферите се клучната причина зошто Македонија извиси. Тоа граѓаните го знаат и затоа ќе го испратат Заев во историјата, а СДСМ во опозиција.

— реклама —

На граѓаните им е доста од криминал, корупција и рекет. Граѓаните бараат обнова. Граѓаните сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Доаѓа крај за СДСМ и почеток за обнова на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања