Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% од годишно планираното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Vasev-27-08-2019-mediumi

Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% од годишно планираното. Власта нема капацитет да го реализира ниту она што сама со Буџетот за 2019 година се обврзала дека ќе го направи.

И со Тевдовски и со Заев и со било кој друг на чело на министерството за финансии СДСМ за повеќе од половина година не е способна да сработи ниту една четвртина од тоа што требало, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во истиот период од 7 месеци предвидениот дефицит е на ниво од над 50%, исто како и социјалните трансфери. Единствено каска реализацијата на капиталните инвестиции. Тоа е показател дека СДСМ нема план и не знае како да ги инвестира парите на граѓаните во капитални проекти. Ова укажува единствено на фактот дека СДСМ целосно го ставил Буџетот на Република Македонија во функција за купување гласови!

Оттука ја предупредуваме власта да не влегува во било какви сценарија што би значеле изборна корупција.

Почитувани,

— реклама —

Нивото на јавен долг рапидно расте. Тоа води до едноставен заклучок. Заев нема план за капитални инвестиции, Заев има план за капитален грабеж.

Цела година не видовме да отпочнат со изградба на едно ново училиште, амбуланта или градинка. Единствено што прават е раскопување на неколку скопски сообраќајници кои ги премачкуваат со асфалт.

— реклама —

Три години ги развлекуваат проектите во инфраструктурата започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Направија целосен застој на инфраструктурен план. Никаде ги нема ветените 600 километри нов автопат, ниту 550 километри нови магистрални патишта. Поминаа 3 години, а ништо од тоа што го ветија за време на изборите не реализираа.

Оваа власт која три години со прст нема мрднато мора да си замине. Потребни се итни предвремени избори, час поскоро. Потребна е обнова на Македонија, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања