Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на обвинувањата од СДСМ во врска со бројот на посетители на настаните организирани по повод прославата на независноста.

Од партијата велат дека СДСМ погрешно ја толкува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, поврзувајќи ја бројката од над 200 илјади посетители со концертот на Дејвид Гета.

— реклама —

„СДС се однесува како бот и чита само наслови, без да навлезе во суштината“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека Мицкоски зборувал за вкупниот број граѓани кои ги посетиле настаните организирани за прославата на независноста, додека бројката од 50 илјади се однесувала конкретно на посетителите на концертот на Гета.

— реклама —

„Она што го кажува Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетија настаните за независност, од кои само 50 илјади концертот на Гета“, велат од партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат од СДСМ повторно да ја преслушаат изјавата на премиерот, наместо, како што велат, да се потпираат само на наслови.

Во партиската реакција се упатуваат и критики кон СДСМ за начинот на кој ја коментира прославата, при што од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозициската партија повеќе од десет дена ја повторува истата тема.

— реклама —

„Нивната завидливост е обратнопропорционална со среќата и возбудата на граѓаните“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за да биде појасна изјавата, повторно го споделуваат видеото што го објавил Дејвид Гета за Скопје и Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 7 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 8 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања