Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ нуди 5 конкретни мерки за справување со енеретската и економска криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

ВМРО-ДПМНЕ во услови на тешка економска и енергетска криза нуди решенија кои треба да го спречат тонењето на стандардот на граѓаните и економскиот колапс.

 

— реклама —

„Бидејќи енергетската криза предизвикува тешка социјална и економска состојба во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет мерки кои директно ќе се однесуваат на суштината на проблемите, а не како мерките на владата кои се само гол маркетиншки трик без позначаен ефект.

Пакетот од 5 конкретни мерки кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ е следниот:

1. Предлагаме вишоците на произведена струја кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ.

— реклама —

2. Дополнително, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, половина од разликата да ја преземе државата.

3. За граѓаните да се предвиди Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да се заштити стандардот на граѓаните.

— реклама —

4. Одложување на скалестото оданочување кое го планира власта бидејќи тоа ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите.

5. Исто така предлагаме да се дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка, што би значело средства на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани .

Владата треба овие предлози да ги разгледа сериозно. Нивната досегашна политика наместо да ги решава проблемите на македонските граѓани и македонската економија, само ги продлабочуваше. Заради лошите и ненавремени мерки Македонија тоне во сиромаштија. Македонија има една од највисоките стапки на инфлација која достигна 18,7%, а цените на основните прехранбени производи поскапеа од 50 до 100%.

— реклама —

Во исто време домаќинствата и стопанството плаќаат најскапа струја споредено во земјите од регионот. Веќе почна масовно затворање на индустриски капацитети, а само за една и пол година затворени се над 12 илјади компании. Неколку илјади компании веќе имаат сериозен проблем да исплатат на време плата, што остава без сигурност илјадници други семејства.

Време е власта предводена од Ковачевски да се вразуми и да прфати предлози што значат спасување на стандардот на граѓаните и македонската економија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања