Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет за излез од кризите, а на СДСМ и Ковачевски им се поважни фотелјите од интересите на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0094

СДСМ и Ковачевски покажуваат дека поважни им се фотелјите наместо Македонија и граѓаните. Тие ја водат државата кон амбис и се подготвени економски да ја уништат, наместо да ја прифатат понудената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Граѓаните тонат во сиромаштија, економијата пропаѓа, инфлацијата го јаде стандардот, расте долгот, а корупцијата и криминалот метастазираат.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нуди излез од низата кризи со кои власта не знае да се справи, па дури и со својата неодговорност и неспособност ги подгрева. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да прифати предвремени парламентарни избори, а дотогаш на располагање се ставаат експертски тимови од областа на економијата, надворешната политика, здравство и образование кои треба да помогнат во изнаоѓање на решенија за проблемите кои граѓаните најмногу ги засегаат.

— реклама —
— реклама —

Државните интереси и интересите на граѓаните мора да се пред интересите на Ковачевски, СДСМ или на било кој друг партиски интерес. Очекуваме Ковачевски да се вразуми, а ако тој не е способен или не може да донесе одлука за оваа понуда на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш сме спремни да разговараме со било кој од СДСМ кој ги носи одлуките, без разлика дали е тоа Зоран Заев, Шекеринска или некој друг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања