Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Нудиме 5 конкретни мерки, оние кои ги нуди владата се гол маркетиншки трик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20072022_VRSM_sednicaVlada-1

Мерките кои ги нуди владата се гол маркетиншки трик. Тие ниту се навремени, ниту се таргетирани, ниту се решение за проблемите. Тие се само купување на време, додека кризата метастазира, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Овие идеи на владата не даваат одговор на енергетската криза која веќе создава економска и социјална криза, и е клучниот фактор за инфлацијата и пропаѓањето на стандардот и економската активност.

— реклама —

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија нуди пакет од 5 конкретни мерки кои треба да им помогнат и на граѓаните и на компаниите.

Прво, предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство. Досега владата го продаваше преку матни зделки на трговци при што таквите трговци ги полнеа џебовите на сметка на македонските компании и граѓани.

— реклама —

Второ, Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. На овој начин со отприлика 50 милиони евра ќе се заштитат илјадници работни места кои висат заради неликвидноста на компаниите.

Трето, за граѓаните да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи. Претпоставуваме дека Ковачевски знае што се основните прехранбени производи и знае дека нив граѓаните најмногу ги купуваат и тие се покачени од 50 до 100%. Со оваа мерка директно ќе се заштити стандардот на граѓаните.

— реклама —

Четврто, одложување на воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта. На овој начин ќе се заштити не само стандардот на населението, туку и ќе влијае врз ликвидноста на фирмите.

Петто, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна Банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање на фирми. Да потсетиме дека за година дена се затворени 12 илјади компании што преставува црн рекорд за Македонија.

— реклама —

Очекуваме власта да ги земе предвид овие конкретни мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ. Самобендисаноста на владата досега само произведуваше кризи. Заради нивната неспособност Македонија има најниско ниво на раст на БДП, најголема стапка на инфлација и забрзан раст на сиромаштијата.

Власта само треба да престане да краде и ќе има доволно средства да ги менаџира предизвиците и проблемите на граѓаните и стопанството“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања