Со СДСМ на власт во Македонија не се празнат само селата се попразни се и градовите. Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше. Напротив се повеќе се иселуваат. Граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и уништениот правен систем. Граѓаните живеат во сиромаштија. Само семејството Заеви профитира, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно. Заев го направи буџетот скоро 4 милијарди, како би можеле неговите, фирмите на неговото семејство и фирмите на блиските до власта да добиваат тендери и да ги полнат банкарските конта.
Со Заев на власт во Македонија нема живот за граѓаните. Има живот за врхушката на власт. Со Заев на власт граѓаните се иселуваат. А тие што остануваат живеат во немаштија.
Зоран Заев е причината за голготата на граѓаните во изминативе три години. На 12 април граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија.
По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, додаваат во соопштението.