Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Надвор од мрежа се трите блокови по тешка хаварија во котелскиот дел на БЛОК 3 која се случила вечерва, а веќе подолг период по тешките хавари надвор од мрежа се Блок 1 и Блок 2.

— реклама —

Денес, најголемиот производител на електрична енергија, стожерот на македонската енергетика е паднат на колена и наместо да произведува, троши скапа увозна струја со цел да не дојде поголема хаварија на постројките кои остануваат без внатрешно напојување! Во текот на ноќта испаднал БЛОК 3 по хаварија во котелскиот дел од електраната , кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен. Дали повторно станува збор за огромна хаварија по која Блокот беше забетониран и надвор од мрежа повеќе месеци? Дали повторно ќе плаќаме милионски суми за санација на последиците се само дел од одговорите кои ги чекаме од менаџерскиот тим, кој вчера вечер се забавуваше во хотелот Молика пеејќи песни. Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола? Дали СДС успеа во својот план конечно да го запре производството во РЕК Битола со тоа што ги уништи 3 блока?!

— реклама —

Колку ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија, колку чини секој испад, поради нестручноста при санацијата? Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако знаеме дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500 000 евра? Бидејќи повеќе од 50% од домашното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од РЕК Битола, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија, а цехот на крајот ќе го платат граѓаните.

— реклама —

Сериозноста на состојба е уште поголема ако знаеме дека надвор од функција се и другите производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро-потенцијалот речиси на минимум. Згора на сѐ, МЕПСО е под хакерски напад и не знаеме како ги управува постројките во електроенергетскиот систем. Раководствата на Електрани на Македонија, РЕК Битола и МЕПСО мора да понесат одговорност!

— реклама —

Во интерес на навремено информирање, бараме Владата во заминување веднаш да го разреши најнеспособното раководство на ЕСМ, да се поведе истрага и да се казнат виновниците со цел да не се дозволи прикривање на доказите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања