Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ од Струга со апел до власта: Решете го проблемот со депонија, стружани не заслужуваат да дишат загаден воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Slika-2

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест и во Струга под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“ и ја посочија дивата депонија која е еден од најгорливите проблеми за стружани.

На протестот беше потенцирано дека на депонијата секојдневно се палат секакви ѓубрива, вклучувајќи го и медицинскиот отпад кој е навистина загрижувачки факт во овие тешки времиња на пандемија, предизвикана од КОВИД- 19.Имено беше укажано дека кога честичките од дивата депонија ќе се помешаат со смртоносниот вирус ги влошува и отежнува условите за живот на стружани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Струга.

— реклама —

Стружани на протестот прашаа дали тие го заслужуваат ова и дали нивните деца го заслужуваат тоа?

-Вреди ли секојдневно да се контаминира струшкото земјиште, а стружани да се измачуваат уште повеќе, како да им е малку секојдневиот стрес и страв од големиот број на заболени и смртни случаи од КОВИД-19?Ставете им еднаш крај на лагите, зошто народот скапо ги плаќа. Имајте чест и доблест, одважете се и решете го проблемов, како што имавте храброст во 2016 година да ветувате дислокација на депонијата, беше посочено на овој протест.

— реклама —

Стружани порачаа дека апелираат и бараат да се изнајде решение веднаш и да се дислоцира дивата депонија, се вели соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања