Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Одложувањето на изборите ќе значи нова криза, граѓаните на 12 април ќе стават крај на агонијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vmro_dpmne

Зоран Заев не смее да бега од избори. Одложувањето на изборите само ќе не втурне во политичка криза и економска апатија. Македонија тоне на секое поле. Транспаренси Интернешнл ја прогласи Македонија под водство на Заев за најкорумпирана земја во Европа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Поради партизацијата и криминалот на Заеви угледното списание „Економист“ Република Македонија ја оцени како хибриден режим, што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

Со СДСМ на власт над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.

— реклама —

Со Зоран Заев на чело на државата Македонија е земја со трета по ред највисока младинска невработеност во светот.

Со Заев и СДСМ Македонија само тоне. Потребни се промени. Потребна е обнова. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието. Избори на 12 април, за брзо надминување на проблемите и последиците од штетното владеење на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања