Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
covid-19-vakcina

Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност, Филипче да си напише оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ по откажувањето на пристигнувањето на првата пратка вакцини против коронавирус од Србија која требаше да пристигне денеска.

Да имаа грам одговорност денес ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа на нацијата.

Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат.

Наместо да чека донации до сега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне.

— реклама —

Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ и додаваат:

Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски.

— реклама —

Македонија се уште е на врвот на листата на земји по починати од КОВИД-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време.

Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, а уште помалку ќе извршат вакцинација. Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години.

— реклама —

Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од КОВИД-19.

фото:Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања