ВМРО-ДПМНЕ остана без уште една советничка во Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2022-11-14-at-14.35.46

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Ирена Попова изминатите неколку дена била мета на закани и навреди на социјалните мрежи, но и во медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ открива таа од говорницата во Советот.

— реклама —

Таа посочи дека не се плаши и дека ќе гласа и делува во советот во интерес на граѓаните.

— реклама —

-Напаѓана сум на Твитер и на сите медиуми. Доживувам закани последниве неколку денови. На сите кои ме поздравуваат ги поздравувам и им порачувам дека воопшто нес е плашам. Доследна сум на себе си, доследна на своите принципи и сите кои ме познаваат знаат за каква личност се работи. Воопшто не допираат до мене, знаат за каква личност се работи. Продолжете со уште посилно темпо, вели таа.

— реклама —

Од говорницата во Советот таа потенцираше дека од денес ќе дејствува како независен советник и нема повеќе да биде дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Ја користам оваа можност почитуван претседател да ви се обратам вам, почитувана јавност да ви се обратам вам дека од денес во рамките на советот ќе дејствувам како независен советник, посочи Попова.

Претходно од говорницата во Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска истакна дека на нејзина адреса добивала закани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Гледам што зборува шпицниот градоначалник за оставките. Ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне прво од себе. Мицкоски немој да се закануваш, немој да се криеш, дојди тука во очи кажи ми што имаш, изјави Арсовска.

Да не заборавиме дека минатата недела беше нападнат советникот во Општина Карпош, Александар Илиески од непознато маскирано лице, .

-Нападот се случил во 7.40 часот пред ТЦ „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал.

Илиески, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош во изминатиот период јавно изразуваше несогласување со политиките и одлуките на партијата. Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплатила паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат „лоши работи“.

Сите овие закани веќе се пријавени во МВР, велат од општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања