ВМРО ДПМНЕ: Остануваме на браникот на татковината, Делчев е нашиот идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dsc04

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, претседателката на Унија на жени Жаклина Пешевска денеска положија свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционерен деец и великан Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Оддавањето на почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, еден од најистакнатите  водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и денеска покажува почит и негување на заложбите на македонските херои и останува на браникот на одбрана на татковината, бидејќи за нас токму Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања