ВМРО ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум, се вели во дописот од ВМРО ДПМНЕ, откако беше објавена снимка дека на денешниот протест против поскапувањето на струјата, беше напрадната новинарската екипа на „Ал Џезеира Балкан“.
Во продолжение на дописот од ВМРО ДПМНЕ додаваат:
-Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно ВМРО ДПМНЕ ги осудува и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми, велат од ВМРО ДПМНЕ.