„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја ограбија и уништија македонската економија, Заев се сети на обичниот граѓанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

СДСМ продолжува бесрамно да ја лаже и манипулира македонската јавност. Откако целосно ја ограбија и уништија македонската економија сега криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Зоран Заев наводно се сети на обичниот граѓанин, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

— реклама —

„Ги зголемија даноците и давачките кон државата, ги зацрнија пазарџиите со катастрофални законски решенија, а нема капитални инвестиции, ниту повисоки пензии и плати за грѓаните.

СДСМ ги осиромаши граѓаните со низа лоши законски решенија и погубни економски политики, а сега без срам лаже за некакво си враќање на парите кај граѓаните. Криминалната власт најпрво треба да ги врати милионите евра кои ги украде директно од џебот на граѓаните преку криминални тендери и грантови, измислени раководни позиции и партиски вработувања за партиските послушници.

— реклама —

Македонската економија и натаму е последна во регионот, но и во Европа. Додека европските држави доживуваат вистинска економска ренесанса, благодарение на сопствената неспособност Заев се фали со минимален раст и стагнација на македонската економија. Нивото на корупција е единственото нешто кое се покачува овие две години. Рангирањето на Македонија на листата на меѓународната Транспарентност покажува дека Заев ја претвори државата во дувло на корупцијата , најлоша во Европа.

Доста е економски црнила, време е оваа криминогена власт да замине. Избори веднаш“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања