Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-1

Зоран Заев расипнички ја управува државата. Министерството и владата со која управува Заев ќе ја задолжат Република Македонија за 10 милиони евра. Секое четиричлено семејство ќе биде задолжено за нови 20 евра. Откако СДСМ е на власт јавниот долг надмина неверојатни 5 милијарди евра или околу 50% од БДП, а Заев има намера да го крене на 60%, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Никој не знае на што и како се трошат милионите за кои е задолжена државата. Задолжувањата се и по неколку пати во месец, а ништо од парите кои се позајмени не се прави. Нема инвестиции, нема проекти. Нивото на реализација на капитални инвестиции за 5 месеци од оваа година е само 13.7%.

Поголем доказ за неработата и незнаењето на власта нема. Не можат да ги инвестираат ни парите кои самите се обврзале дека ќе ги инвестираат со гласањето на Буџетот.

— реклама —

Заев мора најитно да одговори:

— реклама —

  1. Каде завршија половина милијарда евра нов долг, задолжен откако СДСМ е на власт?
  2. Колку пари треба да врати државата со пресметана камата за овие половина милијарда евра кон домашните и странски кредитори и за колку време?
  3. Кој е ефектот кој државата го има од тоа задолжување? и
  4. Дали од потрошените пари државата има додадена вредност?

Бегањето од одговори нема да го спаси Заев од одговорност. Одговори мора да има. Потребни се оставки и промени. Власта на СДСМ мора да си замине.

— реклама —

Граѓаните заслужуваат да тргне напред државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања