Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Бараме Георгиески да ги повлече точките од совет за легализација на дивоградбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-29-03-19-12-35

Охрид се гуши од урбанистичкиот хаос што го создаваат СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Урбанистичката деградација стана главна одлика на оваа Локална власт. Животот на СДСМ значи незаконски да се заграбат најатрактивните простори на Охридското крајбрежје,истакна на прес-конференци Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

Откако претходно не успеаја во Градиште сега повторно се обидуваат да легализираат бесправно изградени објекти на земјиште сопственост на Република Македонија во крајбрежниот појас - во Трпејца, кај автокампот „Андон Дуков“, во Велестово и на други локации без изградени објекти, но на атрактивна местоположба.

— реклама —

Зошто не се почитува Законот за постапување со бесправно изградените објекти?

Општината и државата со тоа што самите посегнуваат кон нелегално градење свесно ги прекршуваат сопствените закони.

— реклама —

Дали Георгиески со дивоградби ќе го заштити Студенчишкото Блато?

Веќе јасно како ден е дека со палење на трската се подготвуваат терените за узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби.

ВМРО-ДПМНЕ бара од в.д градоначалникот Константин Георгиески да ги повлече точките од дневен ред за легализација на дивоградбите на 26-тата седница на Советот на општина Охрид.

Ги повикуваме сите еколошки друштва и граѓански здруженија да ни се придружат во борбата за зачувување на доброто на Охрид.

СДСМ и Георгиески свесно го водат Охрид на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО.

Охрид ќе се спаси од оваа урбана мафија.

Охрид и охриѓани ќе ги казнат СДСМ и Георгиески и ќе го спречат уништувањето на градот, истакна на прес-конференци Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања