Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Дали министерот Филипче е информиран дека три месеци нема ленти за мерење на дијабетес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_1279-19-03-19-12-32

Не можеме, а да не потсетиме дека откако со СДСМ „дојде животот“ во Охрид и Република Македонија, не само што нема правда и мир, туку нема ни Ж од живот, и тоа од оној - Живот за сите! Во овој момент сакаме да ги запрашаме министерот Венко Филипче и в.д градоначалникот Константин Георгиески, дали пред да застанат да се сликаат во ЈЗУ „Општата болница“, поразговараа барем со еден пациент кој чека низ ходниците, за да ја слушнат вистината за состојбите во здравството, истакна Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

Дали министерот Филипче беше информиран од директорот на Болницата за фактот дека во истата веќе три месеци нема ленти за мерење на дијабетес?

Како министре Филипче и градоначалнику Георгиески дијабетичарите да ја следат својата здравствена состојба, кога не им го давате нити она што им следува-во случајов ленти за контрола на шеќерот во крвта?

— реклама —

Должен ли е пациентот од свој џеб да издвои дополнителни 1000 денари за сам, приватно да си ги набави овие ленти?

Ваков ли живот ветувавте?

За вакво ли здравство ја добивте довербата од граѓаните?

Колку и да се сликате и да се смешкате пред камери, нема да ја прикриете реалноста

која е низ болничките ходници. Ако не сте способни правилно да ги менаџирате институциите, повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се прави тоа.

Крајно време е да почнете да сочувствувате со граѓаните и да ја преземете одговорноста за тоа дека заради недомаќинското работење доведувате во прашање бројни човечки животи.

Токму затоа, народот ќе Ви ја испорача сметката на 21 април, кога јасно и недвосмислено ќе Ви каже дека доста му е и од правдата и од мирот и од животот што го донесовте, истакна Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања